“Декса” има одлична екипа, но никој нема слух да им помогне да се натпреваруваат (Фото)

Прилепчани се жедни за кошарка. Еден контролен натпревар помеѓу две младински екипи синоќа предизвика огромно внимание кај публиката.

Насмеани лица на трибините, задоволни родители, пресреќни деца кои сакаат да рекреираат, но и да се натпреваруваат наместо да бидат изложени на пороците од денешното време.

Но, за жал ова траеше само 2 часа, а од денеска повторно монотонија. А, зошто?

Бидејќи никој нема слух финансиски, и тоа со минимални средства да ја помогне оваа екипа, која има квалитет да биде меѓу најдобрите во Македонија…

Зборуваме за подмирување на основните трошоци: сала, превоз, судии, делегат…

Не би требало за град од 80.000 жители со релативно добро стопанство ова да е проблем… Се надеваме дека ова ќе е и ицијална каписла и Прилеп повторно ќе е кошаркарски град, бидејќи тоа го заслужува.

Убедени сме дека и на волонтерите, спортските работници: Зравески, Ристески, Костоски, Домлески, Дамески, Стефан Стевананџија, ќе им се излезе во пресрет, бидејќи тие се едни од ретките што не го жалаат своето слободно време за љубителите на кошарката да можат да уживаат во убавите потези на младите сограѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.