Доктор, општ лекар во Брза Помош во Македонски Брод, прв братучед на пратеничкa од власта, според документите, е тестиран за Ковид-19 и добиен е резултат 7 дена после тестот.
Оваа информација, од јавен интерес, која ја објави Вечер.мк, е објавена со заштита на личните податоци, заради заштита за јавното здравје и спречување ширење паника, во време на вонредна состојба.
На 12 април е примен, хоспитализиран на инфективно во Прилеп. Тимот од Брза помош во Македонски Брод, до овој момент, сеуште не е во изолација.
Сеуште не се дозволува оваа информација да се сподели со јавноста и медицинскиот персонал во Македонски Брод.
Инаку директор на болницата во Македонски Брод е братот на локалната пратеничка Анета Симеска (СДСМ) – додаваат од “Вечер.мк”.