Тригодишната Руби ја нацртала својата замислена пријателка, а податоците за неа загрижиле многумина корисници на Твитер.
Американската актерка Натали Моралес споделила фотографија на која наишла во едно списание, а која навистина ја вознемирила.
-Ова е мојата замислена мајка Грејтфул (благодарна). Нејзините жолти трепки значат дека може да гледа во темнина, тогаш единствено доаѓа да ме посети. Ме плаши тоа понекогаш, но секогаш сакам да се врати. Има две бебиња во стомакот. Има 14 години, но никогаш не може да има роденден – вака Руби ја опишала својата замислена мајка.
Актерката Моралес верува дека малечкаа Руби навистина има бујна фантазија, со што се сложиле многумина.
-Таа има 14 и никогаш не може да има роденден е најстрашната фраза што сум ја слушнал – искоментирал Стјуарт на објавата.