“Дебакл и оценка нула за стенд ап шоуто на СДСМ во Прилеп??”

Празен плоштад и далеку, далеку од атмосферата која СДСМ ја имаше за митинзите за време на локалните и претходно парламентарните избори во Прилеп.

Вака некако изгледаше плоштадот “Методија Андонов – Ченто” за време на синоќешната “трибина” на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

Прилепчани кои пред само година ипол на локалните избори му дадоа на СДСМ 23.600 гласови, синоќа останаа во своите домови, а во центарот на градот според некои проценки имало нешто повеќе од 1000 луѓе.

Дали случајно ја нарекоа “трибина”, или не, си знаат самите тие, но она што денеска се коментира низ прилепската Стара чаршија е дека партијата на власт на локално и на централно ниво, на големо ја губи поддршката од прилепчани.

Според досегашните реакции од граѓаните, ваквата мала посетеност на собирите од СДСМ, се должи на десет работи.

1. Огромниот непотизам кој владее во Прилеп, вработувањето на браќа, сестри, внуки, разни роднини….; 2. Воведената двојазичност на територијата на цела држава и промената на државното име; 3. Намалувањето на пензиите, односно нивно зголемување само кога ќе има зголемување на трошоците за живот, а не и кога растат платите; 4. Зголемените сметки за вода за дури 60%; 5. Зголемената небезбедност во градот; 6. Неисполнетите капитални ветувања на градоначалникот Илија Јованоски; 7. Стагнирањето на економијата и на нови инвестиции; 8. Немањето на стратегија за младите, кои се повеќе се исселуваат од Прилеп; 9. Уништувањето на спортот во Прилеп; 10.Зголемените даноци….

На социјалните мрежи денеска особено беа коментирани и споделувани двата “хвалоспеви” за Зоран Заев и Стево Пендаровски, кои беа дел од синоќешната “трибина” во Прилеп:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.