Двојни аршини од ОЈО, за некого мајка, за некого маќеа: Отворен предмет за Агатангел, а не и за реисот

За ифтар може во џамија, за духовден не може на гробишта. Зошто владата е за едни мајка за други маќеа прашуваат верниците? И тогаш, и сега Ковид19 беше присутен. Дали власта има двојни аршини? – прашуваат од “ТВ АЛФА”

За повикот на Повардарската епархија, на чело со владиката Агатангел православните верници од местата кои се под таа епархија наместо на гробишта, да одат во црква ОЈО експресно реагираше по допрен глас, додека за ИВЗ , односно за Реисот Сулејман Реџепи кој во неколку наврати ги повика верниците да излезат во џамиите и се закани дека земјава ќе биде Бангаладеш ОЈО немаше никаква реакција.

Од обвинителството на прашањата на Алфа зошто селективно и различно се гледаат овие два случаја до почетокот на овие вести одговор не добивме.

Дека власта прави огромни разлики на ист став е и митрополитот преспанско пелагониски Петар. Ригорозните мерки кои повторно се воведоа за голем православен празник, владиката смета дека создаваат поделеност помеѓу верниците.

Со сличен став е и портпаролот на Синодот МПЦ ОА Тимотеј, тој вели за верниците од неговиот Дебарско Кичевски крај, црквата е отворена.Црквата им порача на сите верници кои нема да можат да оддадат почит на гробиштата, да дојдат било кој друг ден на молитва.

Овој викенд црквата празнува Задушница, денеска и утре кога им се оддава почит на упокоените, во недела е Духовден, што се смета за роденден на црквата.

Прилогот на “АЛФА ТВ” погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.