На синоќешниот ТВ дуел помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски го праша Заев зошто во градовите каде нема соодветна процентуална застапеност на албанско етничко население, или воопшто нема Албанци, се поставуваат двојазични табли на институциите.
На ова Заев одговори дека била направена грешка, а Мицкоски му посочи примери дека истото се случува во Прилеп, Кочани, Струмица…
Заев рече дека била направена грешка и се тргале или ќе биле тргнати таквите табли, а Мицкоски додаде дека не е една грешка и дека таблите не ги отстрануваат институциите, туку дека граѓаните ги кршат.
Двојазичните табли биле ставени по грешка во Прилеп, Штип, Кочани, Струмица….. Тој ништо не знае, не е од тука… pic.twitter.com/9sGsIkKKQ2
— BigCojones6969 (@BigCojones6969) February 29, 2020
Инаку во Прилеп двојазични табли добија Центарот за социјални работи, како и Фондовите за здравство и пензиско и инвалидско осигурување.