Двократниот европски шампион – Иџе СПЕЦИЈАЛНО за markukule.mk

6

Она што последниве две години претставува посебна гордост на спортски план во нашата држава се секако успесите на Игор Стефановски Иџе и неговите фуриозни победи на Европскиот шампионат на ридски патеки.
Две години по ред шампион и одбрана на титула во својата категорија е успех со кој ретко може да се пофали некој во ова натпреварување каде во игра се голем број натпреварувачи и голема конкуренција.

Иџе успеа и оваа година да забележи 9 од 11 победи и да ни донесе радост како нација, поставувајќи дури 8 рекорди на патеките од својата класа. Секогаш позитивен и насмеан, отворен за медиумите и за сите заинтересирани кои сакаат да ги проследат неговите успеси, со македонското знаме и химна како главна одлика на неговите настапи, Иџе говори за сите предизвици кои ги имал на патот кон втората титула.

2

Неговите успеси му го донесоа признанието Спортист на годината на Македонија во 2014 година како и одликувањето стипендист од светска категорија од страна на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Исто така, по завршувањето на неговата кариера, ќе се стекне со Национално спортско признание популарно наречено спортска пензија. Заслужено во секој случај.
Овој наш летечки автомобилист е пример за истрајност, пример за спортист за кого ограничените ресурси не се изговор за постигнување на крајната цел.

4

На нашето заедничко дружење во неделата на изложбата на Олд Тајмери во центарот на Кавадарци, Иџе специјално за markukule.mk, испрати фотографии со својот сопатник кон победите Mitsubishi Lancer.
Се надеваме дека овие успеси со кои се закити Игор Стефановски и ние како нација нема да застанат тука и дека во иднина ќе растат уште повеќе, дека ќе се изнајдат спонзори кои ќе вложат на вистинско место и ќе му овозможат своите победи да ги продолжи и во повисока категорија.
Му посакуваме на Игор уште поголеми успеси, низа победи во иднина, развиорено македонско знаме на многу подиуми и пред се добро здравје во новите предизвици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.