Две победи на ППК “Младост 96”, следува градското дерби

Во неделата во спортска сала “Форца” во Скопје, се одигра третото и четвртото коло од Супер лигата во пинг-понг.

Екипата на Младост96 постигна две убедливи победи и го поправи впечатокот од првите две кола, кога претрпи два порази.

Во третото коло победена беше екипата на Мултитекст од Битола со 4-0. По една победа извојуваа Александар Рикалоски Петар Костовски и Андреј Лашкоски, и една победа во парови Лашкоски и Костовски.

Во четвртото коло уште една убедлива победа притив Шампиони ФА со резултат 4-1. Победа извојува Рикалоски, Костовски имаше исто така една победа, додека Лашкоски имаше победа и пораз. Во парови Лашкоски и Костовски подобри од противничкиот пар.

Со овие две победи, ППК Младост96 се враќа во игра за највисок пласман. Наредниот турнир ќе се игра 5 и 6 коло на 21 октомври во Прилеп, во салата на ООУ “Добре Јованоски”. Младост96 игра два дерби натпревари, и тоа во 5-то коло против Работнички, а во 6-то коло натпреварoт на сезоната, градското дерби против искусната и јака екипа на Младост, засилена со странски пингпонгар.

Се повикуваат сите љубители на пинг-понгот да дојдат и да уживаат во мајсториите на нашите пингпонгари и да го гледаат најинтересниот натпревар на сезоната.

После 4-ри одиграни кола на табелата ППК Младост96 е на делба на третото место со 6 бодови, додека ППК Младост е на делба на првото место со 8 бодови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.