На овогодишниот 24 -ти Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300”, кој се одржа во Битола на 28.10.2006год, на кој учество зедоја 43 филмови од целиот свет, интернационалното жири на членовите на “Фото Кино Клуб”-Прилеп, Горан Попоски и Гоце Трајкоски, им доделија две награди. и тоа:
Гиманзијалецот Горан Попоски ја освои Златната Камера 300 за најдобар докумнетарен филм за неговиот филм “АХ!”, Додека Гоце Трајкоски ја освои наградата за најдобра монтажа за неговиот филм “Ајвар”.
Клубот и понатаму продолжува со успесите на полето на филмот и фотографијата, како и со обуката на нови членови и презентацијата на Прилеп и прилепските автори низ целиот свет.