Две злата за боксерите од “РОНИН” Прилеп на 15. Меѓународен турнир “Битолски победник” (ФОТО)

Во Саботата на 25.10.2025год во Битола во салата “Боро Чурлевски” се одржа 3-то коло од “Опен Балкан куп”, а воедно се одржа и 15. по ред Меѓународен турнир “Битолски победник”, на кој учество зеде и боксерскиот клуб “РОНИН” oд Прилеп. Притоа двајцата боксери, Матеј и Андреј Смилевски, се закитија со златни медали.

-И двајцата наши борци покажаа храброст и одличен бокс, честитки и до нашите противници кои покажаа одлични борби. Во оваа прилика сакам да кажам дека нашиот натпреварувач Марио Пеливаноски, кој изминатиов период беше повикан од националната федерација на подготовки во Златибор и истиот зеде учество на Меѓународниот меморијален куп “Марко Бошњак”, на кој во полуфинален меч загуби од искусниот србин Ахмед Мавриќ. Посебно сакам да се заблагодарам на моите другари и тренери во клубот, Душко Насески и Наумче Трајкоски, кои безрезервно се ангажираат во подготовките на нашите борци. ОДИМЕ ПОНАТАМУ до Нова година не’ очекуваат уште поголеми предизвици. Ни следува “Златен Гонг” и “Златна рукавица” во полето на боксот, а во полето за кик боксот ни следуваат уште неколку меѓународни предизвици. Ви благодарам на сите кои искрено ја цените нашата работа – вели тренерот Филип Сливјаноски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.