Кога подобро би размислиле, сето тоа е фасцинантно. Повеќе од 100 племиња во амазонија ја преживеале шпанската и португалската колонијална власт а никогаш не ја осетиле.
Во јануари 2007 година, било откриено дека во Бразил живеат 67 племиња со кои цивилизацијата никогаш не била во контакт.
Вистина е дека некои луѓе од овие племиња биле во контакт со други луѓе но останале несвесни за светот кој се наоѓа надвор од нивната џунгла.
Вакви племиња освен во Бразил има и во Индонезија, Нова Гвинеја и во други земји од Јужна Америка, но Бразил е на прво место.
Често се случува овие племиња да бидат масакрирани од страна на други племиња, дрвосечачи, трагачи по злато и криминалците кои одгледуваат кокаин.
Говорат некои изолирани јазици, се занимаваат со лов и собирање плодови, всушност живеат онака како што живееле луѓето 10.000 години пред новата ера.
Државата води грижа, па кога ќе се открие вакво племе ја ограничува ваквата територија и забрането е влегување во неа.