Да се биде или не: Победа денеска го започнува тешкиот поход за опстанок во Прва лига – во Прилеп гостува Работнички

Фудбалерите на Победа денеска го започнуваат пролетниот дел од сезоната. На градскиот стадион “Гоце Делчев” денеска со почеток од 14:00часот гостува екипата на Работнички.

Црвено-белите во вториот дел од сезоната ќе бидат предводени од Благојче Дамевски, и секој дуел, особено пред домашната публика ќе биде финале.

Со голем број новајлии, победашите ќе се обидат да ги изненадат “романтичарите” и да донесат голема радост за фудбалските вљубеници во Прилеп.

“Претрпевме големи промени во играчкиот кадар, се разделивме со доста играчи, а ни пристапија нови и квалитетни фудбалери. Задоволни сме од преодниот и припремниот период. Здравствениот билтен е на завидно ниво, ги имаме речиси сите на располагање, освен Агон Хани кој е суспендиран, како и Петковиќ, Делибашиќ и Фавакри кај кои има административен проблем. Ги повикувам сите фанови да дојдат и да бидат дванаесетти играч на Победа”, истакна за “Гол.мк” тренерот на Победа, Дамевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.