Борачките на боречкиот клуб “7-ми Mај Златна рака” од Прилеп одново со ангажман на меѓународната сцена. Oвојпат прилепските борачки Ангела Трајкоска во категорија до 42кг. и Тамара Цветкоска во категорија до 58кг., ќе ги бранат боите на Македонија на Eвропското првенство за пионери, кое ќе се одржи во Унгарија.
По успешно одработените припреми во Хрватска кои ги организираше боречката федерација на Република Македонија, прилепските девојки се чувствуваат подготвено и се подготвени одново да не’ изрaдуваaт, како и на Балканското првенство, кое неодамна се одржа во Серес Грција, но и на силниот Меѓународен турнир во Пореч, Хрватска.
Ангела Трајкоска во Грција се закити со титулата Балкански шампион, а Тамара Цветкоска беше второ пласирана во Хрватска.
Во разговор со тренерот на БК “7-ми мај” и селектор на женската боречка федерација на Македонија, Илчо Маркоски, дознаваме дека останаа уште неколку дневни припреми до Европското првенство и дека девојките ќе бидат 100% подготвени. Прилепските борачки ветуваат дека ќе го дадат максиумот и се надеваат на поволен резултат и враќање во Прилеп со медали.
Да им посакаме среќа и успех на Ангела и Тамара!