Да бидиме хумани! Семејство од Прилеп живее без дрва за огрев, без струја, во разрушена куќа и само 4.000 денари месечно

Неколку месеци живеат без струја, немаат ниту дрва за греење, бараката каде се сместени е разрушена и кога врне внатре им тече вода. За храна пак им помагаат нивните роднини и пријатели – објави порталот “ИнфоКомпас”.

Во ваква беда живее семејството Мирчески од Прилеп во т.н социјални бараки во населбата Варош. Сашо Мирчески е глув, а веќе 5 месеци оди и на дијализа.

Поради проблемот со бубрезите сега е комплетно неработоспособен.

Живеат само со 4.000 денари месечно пари кои ги добива за мобилност.

Извор: “infokompas.com.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.