На 13.10.2018 во Рим Италија ќе се одржи професионален боксерски спектакл, во организација на Поенокс тим.
На овој настан ќе настапат нашите професипнални боксери Денис Муаремовски и Јове Петровски со менаџерот Дарко Чатлески.
“Oвие борби ни се за отскок во светската професионална боксерска ранг листа. Со тоа што на Денис ова му е 4-та профи бокс борба и ако победи против искусниот Марко Колацеци од Италија, на дoмашен терен во 6 рунди, рангот на Денис ќе оди на многу добро ниво. А што се однесува на нашиот дебитант во профи рингот, Јове Петровски, ќе боксува против италјанскиот дебитант Давиде Тибери, исто така во 6 рунди. Се разбира дека доколку победиме на овој настан ќе се крени рангот на нашите боксери. Нашите боксери се во одлична форма и се надеваме дека ќе направиме добар резултат”, истакна прилепскиот бокс мајстор Дарко Чатлески.