Дарко Панчев и Аце Миленкоски испишаа историја

И ден после светската премиера на филмот за Дарко Панчев „Патот на Кобра до ѕвездите“, се пишува и се споделуваат импресии на присутните. Панчев го собра балканскиот фудбалски крем на официјалното промовирање на документарецит на свеченото случување во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Легендарниот голгетер на Вардар и Црвена Звезда, поддржуван од Универзитет Скопје и ректорот Аце Миленкоски, успеаја да соберат дел од балканските фудбалски имиња во македонската престолнина. Големите спортски имиња кои присуствуваа на настанот во Скопје, меѓу кои и Драган Стојковиќ Пикси и Дејан Савичевиќ, беа вистинска сензација на оваа промоција.

Присутни беа и Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Бошко Ѓуровски, Кочо Димитровски, Мето Спасовски, Васил Рингов, Ѓоре Јовановски и многу други легенди, како и селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски.

Панчев доби дрес од македонската фудбалска репрезентација и „9-ка“ од Ѓуровски, со што беа предизвикани големи овации кај публиката во преполната сала на “Александар Палас”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.