Од среда, 15ти април, во Данска ќе бидат ублажние некои мерки кои се презедоа во борбата против епидемијата на коронавирусот. Учениците од 11 години и помладите ќе се вратат во училиштата и детските градинки.
Данска е една од првите европски држави кои пред еден месец ги воведоа мерките за затворање на училиштата, пренесува БиБиСи.
“Важно е Данска да не биде затворена повеќе од потребното”, изјави премиерката Мете Фредериксен.
Како што се наведува, ширењето на вирусот е ставено под контрола и владата сака повторно да ја крене економијата на здрави нозе, но тоа нема да се случи брзо.
“Доколку ја отвориме државата пребрзо, ризикуваме инфекцијата повторно да се прошири”, додаде премиерката.