Пејачот Даниел Кајмакоски со поддршка за иницијативата “За заедничка Македонија”.
На својот Фејсбук профил, Кајмакоски напиша:
Три години поминаа од како се вратив во мојата сакана Македонија. Kаде и да настапував гордо ја претставував мојата татковина, затоа што Македонија ми е во срцето. На моите фанови им докажувам секојдневно дека сите сме исти и дека за сите имам љубов. Ги учам да се сакаат и да бидат тука еден за друг независно на нивната верска и етничка припадност. Да знаете дека народот нема проблем меѓусебе. Луѓето си живеат и ќе живеат! Од Германија, преку Австрија и Македонија имам пријатели од секоја националност и вера и никој не ми рекол “еј што правиш ти, зошто ја сакаш Македонија” ? ниту еден не ми замерил кога сум го кренал македонското знаме, никој не се налутил што сум ја изразувал љубовта кон својата земја, напротив уште повеќе ме почитувале, кога гледале колку ја почитувам мојата родна земја Македонија. Јас сум навистина човек, кој не разликува на таков начин. За мене или си човек или не си. Сум растел во Виена. Таму буквално сите се исти, но јас ја сакам Македонија, бидејќи секогаш имала љубов за сите, кои што живеат во неа. Душата ме боли да ја гледам Македонија во ваква ситуација. Не ја давајте државата затоа што нашето заедничко небо е , Македонија !! #зазедничкамакедонија.
А.Г.