По којзнае кој пат компанијата “Авто Контрол” ја покажа својата општествена одговорност, особено кога е во прашање поддршката на спортот и спортските клубови во Прилеп.
Мисијата на Љупче Перканоски, сега ја продолжува неговата сопруга Даниела Перканоска, а својата несебичност уште еднаш ја покажа, преку донација на спортска опрема за фудбалерчињата од генерацијата 2014 во фудбалската школа “ПЕРАК”.
Тренерот на школата, Зоран Димоски, упати огромна благодарност за донацијата и вели дека оваа опрема е од огромна помош, особено пред настапот на овие млади деца на силниот Меѓународен турнир во Сараево.