По повод празникот Св. Кирил и Методиј на 24.05.2023, манастирот Св.Илија Писокал кај прилепското село Кален, организира хуманитарна забава за реконструкција на манастирската црква.
Празникот ќе започне со света утринска литургија со почеток во 07часот, а со почеток од 10часот ќе започне голема хуманитарна забава на која ќе настапат голем број естрадни уметници од домашната сцена.
Меѓу најпознатите изведувачи се: Дамјан Стојаноски, Влатко Миладиноски, Спасен Силјаноски, Елена Велевска, Ирена Спасовска, Благоја Грујовски… и многу други.
Сите верници и добронамерници се поканети. Да помогнеме сите заедно ова светилиште да добие изглед како што доликува!