Дамјан Ристески од Карате клуб ,,Бонсаи” од Прилеп положи за балкански судија во карате

Дамјан Ристески од Прилеп кој има 27 години, долгогодишен каратист и инструктор во карате (втор дан) од карате клуб ,, Бонсаи”, положи за балкански судија во карате и тоа во две дисциплини – кати и борби во Сараево, Босна и Херцеговина. Натпреварот се одржал од осми до десети ноември.

Вели дека е презадоволен од резултатот, судел сите дена на натпреварот на натпреварувачи од Балканот и тестовите ги поминал солидно.

Ова за него е еден од големите достигнувања во судењето и животот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.