“Дали урбаните заедници го бојкотираат градоначалникот? Слаба посетеност на средбите со граѓаните?” (Фото)

Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски, синоќа одржаа средби со граѓаните од урбаните заедници „Гоце Делчев“ и „Центар“.

На средбите на кои присуствуваа и директорите на јавните претпријатија „Водовод и канализација“, „Комуналец“ и „Прилепско поле“, градоначалникот и претседателот на Совет на општина Прилеп со граѓаните разговараа за реализираните проекти, но и за проблемите и потребите на жителите од двете урбани заедници, кои се приоритетни за решавање во тековната 2020 година.

Она што можеше да се забележи од фотографиите од средбите е дека изостана поголемо присуство на граѓаните од овие урбани населби.

На средбите со граѓаните од урбаните населби минатата година, просториите беа претесни да ги соберат сите заинтересирани. Што се случи и што се промени од тогаш останува нејасно.

Се чини дека граѓаните ги бојкотираат Јованоски и Талески…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.