Дали некој намерно стори вакво дело во пресрет на Велигден?
Вечерва ненадејно престана да свети крстот на Марковите Кули во Прилеп. Граѓаните бурно реагираат на социјалните мрежи и се сомневаат дека некој намерно го прекина напојувањето со електрична енергија на осветлувањето од крстот.
Од општина Прилеп пред малку излегоја со соопштение:
-Почитувани сограѓани, сакаме да ве информираме дека надлежните екипи на Општина Прилеп се на терен и се работи на отстранување на дефектот со осветлувањето на крстот на Маркови кули. Сеуште не се знае дали причината е технички проблем или можеби човечки фактор.
Било која намерна вмешаност во овој случај е за огромна осуда!
Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на решавање на овој проблем и во текот на претстојните празнични денови – напишаа од општина Прилеп на Фејсбук.