Американскиот долар е официјална валута во САД, но исто така и многу распространета како резервна валута во други држави во светот.
Сепак, малку кој знае дека највредната испечатена банкнота е 100.000 долари.
А уште полудо е тоа што оваа банкнота е сеуште во употреба.
Се проценува дека повеќе од 380 милијарди долари се моментално во употреба, а од нив две третини се надвор од САД.
Не станува збор за измама!
Банкнотите од 100.000 долари се печатени во Америка од 1934 до 1935 година и биле наменети за тргување во кругот на федералните резерви.
Никогаш всушност не влегла во оптек меѓу “обичните луѓе”, а на оваа банкнота се наоѓа ликот на Вудро Вилсон.