Дали во најава е нов Пленум? Наставниците се подготвуваат за протести

Собранието на Независниот синдикат за образование и наука донесло едногласна ОДЛУКА за отпочнување подготовки за протести како резултат на недостаток на конструктивен и транспарентен дијалог со Министерството за образование и наука (НСОН).

Во период што претстои НСОН засилено ќе работи на зголемување на бројот на членови со цел да ја зголеми синдикалната моќ за спроведување на протести со следните барања:

– Вклучување на просветните работници во креирање на реформите во образование преку Наставничките совети во секое училиште;

– Исплата на двојно зголемениот работен учинок на наставниците од прво до трето одделение;

– Исплата на плата во законски предвидениот рок и во висина согласно колективниот договор;

– Зачувување на работните места на сите вработени во секторот образование;

– Исплата на додаток на плата или обезбедување на организиран превоз за вработените во руралните средини.

Одлуката за започнување на протести НСОН ќе ја достави до сите здруженија на наставници како и до сите формални и неформални групи на просветни работници кои искажаа огромен револт во врска со моменталната состојба во секторот образование, и истите ќе бидат поканети да му се придружат во НСОН и да учествуваат во претстојните протести.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.