Профил на Фејсбук со име Роберт Вретоски синоќа упати зakaна за yбиcтво на синот на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.
Профилот Роберт Вретоски кој на социјалните мрежи објавува слики од настани на СДСМ преку Фејсбук бара лекарот Борче Јовчевски кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп да ја повлече кандидатурата или ќе го најде својот син мpтов.
“Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ке го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче.!”, пишува профилот со име Вретоски кој за политички цели ја користи семејната трагедија на докторот Борче Јовчески.
Поракитесо јавни закани веќе 15 часа стојат на овој профил, а лицето се уште одговара на коментари.
На потег се МВР, министерот Спасовски и Јавното обвинителство кои мораат да го заштитат доктор Јовчески од заканите.