Општина Кисела Вода на тендер ќе бира ревизорска куќа која ќе прави ревизија на работењето на претходната локална власт, предводен од поранешниот градоначалник Филип Темелковски.
-Во одговор на новинарско прашање кое се однесуваше на најавената ревизија за работењето за претходната локална администрација, посочив дека постапката е во тек и се чека да биде распишан тендер на кој ќе биде избрана надворешна ревизорска куќа која ќе ја води целата таа работа. Она што сакам да го потенцирам е дека апсолутно нема да има штитење ниту толеранција кон никого. Тоа беше мое ветување пред граѓаните и јас ќе го исполнам, секој ќе добие еднаков третман. Законот ќе важи подеднакво за сите, нема отстапки, напиша Ѓорѓиевски.