Подгответе здрава и неверојатно вкусна густа супа од мрков, додека за десерт пробајте слатка кремпита.
Состојки
1 лажица масло
1 главица кромид
Една мала коцка ѓумбир
3 чешниња лук
1 голем компир
500 гр моркови
1 лимон (кората + 2 лажици сок)
1 л пилешки или зеленчуков бујон
Сол и бибер по вкус
2-3 лажици кисела павлака
Пржен леб
2 лажици масло
1 лажица маслиново масло
5-6 резанки леб
2 чешниња лук
Парче ѓумбир
1 лажица сушен магдонос
Прстофат сол и бибер
Подготовка
Маслото загрејте го на тивок оган, додајте исечкан лук и динстајте додека лукот не омекне. Додајте го исчеканиот ѓумбир и лукот и динстајте минута до две додека лукот не ослободи мирис.
Додајте го излупениот и исчекан компир и моркови и изрендана кора од лимон. Сето тоа добро измешајте го и додајте го бујонот, оставете до проврие, намалете го огнот и гответе додека морковот не омекне за што би било потребно од 15 до 20 минути.
Супата измиксајте ја рачен блендер, додаје двве лажици лимонов сок, сол и бибер по желба и промешајте.
За прженото лепче растопете путер или маргарин и додајте маслиново масло, ситно исечкан лук и изрендан ѓумбир.
Лебот или тостот (најдобро стар 2-3 дена) исечете го на коцки и додајте го во смесата од растопен путер, малку измешајте и затресете ја загрејаната тава. Пржете додека не добие златна боја или не стане крцкав.
Посолете, ставете бибер и испрскајте со сушен магдонос. Ставете го на салветка или кујнска крпа да ја впие вишокот маснотија
Кремпита
Состојки
1 пакување лиснато тесто
2 л млеко
1 густин
200 гр шеќер
1 л шлаг пена
2 кесички желатин
Подготовка
Испечете го лиснатот тесто. Од млекото земете количина потребна за желатинот да се растопи. Во одреден дел од млекото разматете шеќер и густин, а остатокот оставете го да се свари.
Кога ќе се свари, густинот и шеќерот згответе го како пудингот и додајте го желатинот. Кога ќе се излади, изматете го шлагот, измешајте и филувајте го тестото.