Сопствениците на апартмани во Лефкада почнаа да бараат депозит од гостите и тоа не од сите, туку само од оние кои им се чинат сомнителни и проблематични, а дури и ги скенираат пасошите. Ова се нови правила после инцидентите кои им се случиле.
Сопствениците се жалат дека имале лошо искуство после кое собите се демолирани, а за поправање на штетите плаќаат сами. Некои од газдите на апартманите велат дека имале туристи кои биле гласни и безобразни и успеале да предизвикаат тепачка во центарот на градот и да скршат рака на некој човек Не се заборава ниту тепачката во Закинтос кога загина Американец.
Земањето на пасоши, односно легитимирање, е вообичаено при пријавување и сместување, што е всушност одраз дека сопствениците работат по закон.
Земањето депозит е пракса и на хотелите во кои се доаѓа на екскурзија група адолесценти кои често прават штети.
Кога гостите доаѓаат преку агенција, агенцијата е гаранција. Ако доаѓаат самостојно, евентуалната штета туристичките работници може да ја наплатат само преку скап и комплициран начин, преку адвокат или веднаш земаат депозит.