ГРУЕВСКИ ГО ТЕПА ЗАЕВ: Големо водство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица (АНКЕТА)

123

Институтот „Павел Шатев“ го објави вториот дел од анкетата за изборите на 11 декември. Во неа се опфатени носителите во сите изборни единица и поддршката што би ја добиле од гласачите. Во шесте изборни единици кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат убедлива разлика, пишува порталот Телеграф.

Според „Павел Шатев“, ВМРО-ДПМНЕ има најголема поддршка во третата изборна единица. Таму Илија Димовски има поддршка од 38,6 отсто од гласачите пред Љупчо Николовски од СДСМ со 18,6.

Висока предност има и лидерот Никола Груевски, кој е и носител во четвртата изборна единица. Во Струмица, Груевски води со 36,1 отсто пред Зоран Заев, кој има 22,4 отсто поддршка. Води и Никола Попоски пред Стево Пендаровски во првата изборна единица.За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,8 проценти од испитаниците, додека за кандидатот на опозицијата 19,4.

pavel_satev_ie_1_2_i_3

Сигурна предност од над десет проценти има и Никола Тодоров во втората изборна единица. За него би гласале 26,1 отсто од граѓаните, додека за Оливер Спасовски 14,7.

Во петтата изборна единица Антонио Милошески води пред Радмила Шекеринска. За него би гласале 29,3 отсто од гласачите, додека за потпретседателката на СДСМ 18,2.

2

И во шестата изборна единица Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред Петре Шилегов од СДСМ. За Ѓорчев би гласале 10,4 отсто од гласачите, додека за Шилегов само 4.

На ниво на цела Македонија во сите изборни единици ВМРО-ДПМНЕ води со 27, 8 отсто додека СДСМ има поддршка од 16,2.

Анкетата е спроведена во  периодот помеѓу 30 ноември и 2 декември 2016 година на 1.090 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани. Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење.

Извор: Телеграф




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.