Груби се пофали на Фејбук: “Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот, ИСТОРИЈА!”

Организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби преку пост на Фејсбук потврди дека ДУИ го добила ресорот за надворешни работи.

– Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. Историја!, напиша Груби.

Тој сподели објава од министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, во кој се потврдува дека со македонската дипломатија ќе раководи кадар од ДУИ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.