Вицепремиерот Артан Груби во вечерашното гостување во дмисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5 истакна дека не е разорачан што Македонија повторно не доби датум за преговори со ЕУ.
-Воопшто не сум разочаран, зашто европскиот пат нема алтернатива. Затоа ќе продолжиме. Беа охрабрувачки пораките од новата влада на Бугарија. Бугарија 8 месеци немаше политичка влада. Ги подгревавме очекувањата, и сметам дека немаме потфрлување. Ги видовте ставовите на бугарската влада за планот со шест месеци. Ние мислиме дека не се потребни шест месеци, туку шест дена, да седнеме да ги решиме прашањата и да почнеме преговори, смета Груби.
Груби посочи дека новото бугарско вето не е дебакл ниту пак е вина на шефот на дипломатијата, Бујар Османи.
-Бујар направи максимум од тоа што можеше да го направи и го прави. Најискрено да ви кажам, ние не очекувавме на 14-ти,15-ти декември да биде заокружено се, туку да започне процесот со новата бугарска влада, рече Груби.