Груби го закопа СДСМ: Објави анкета на која дебело води ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот Артан Груби објави резултати од анкета, од која се гледа дека СДСМ, коалициониот партнер на ДУИ, ја губи поддршката од граѓаните. Според графиконот објавен од Груби, ВМРО-ДПМНЕ има предност 10,5 проценти. За Груби, важно е што ДУИ има предност во албанскиот блок.

„И во последната анкета, како и во сите останати, самоуверено одиме напред со вашата голема поддршка!“, напиша Груби и се заблагодари.

Според објавата, оваа анкета е направена на почетокот од јуни. Спроведена е на 1.200 испитаници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.