На државното натпреварување во џудо што се одржа изминатиот викенд во Универзалната сала во Прилеп, учениците од О.О.У “Блаже Конески”- Прилеп освоија вкупно 7 медали и тоа:
Павлоска Сара- 1 место, Петрески Мартин две први места, Трпкоски Христијан второ место, Трајкоски Николче 2 место, Павлоски Михаил 2 и 3 место.
Во тенис ученичката Мила Игеска е неприкосновена. На државниот турнир – ТК Битола, го освои третото местоа, а тоа не е нејзина единствена награда во овој спорт.
На трката “Крали Марко Trails 2016″, што се одржа во населбата Варош под покровителство на локалната самоуправа на општина Прилеп, ученичката Звездакоска Ана го освои првото место, а Стојаноска Александра го освои второто место.
Им честитаме на сите и посакуваме уште многу награди во иднина, тие се гордост за училиштето.