Грчки член на Европската Слободна Алијанса, Јоргос Пападакис со коментар на употребата на зборот Северна од страна на македонските политичари при неформална комуникација.
Пападакис реагира на напис на пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири кој во напад врз лидерот на опозицијата Мицкоски и кандидатката за претседател професорката Гордана Силјановска без никаква потреба го користи насилно наметнатиот збор во уставното име.
“Морате баш да кажете Република Северна Македонија, нели? Ќе ве казнат ако не го сторите то? Ниту трошка достоинство немате, жално”, пишува Пападакис кој долги години го следи прашањето за името.
За разлика од функционерите на СДСМ и ДУИ кои инсистираат во секоја пригода дури и приватно да го споменат за најголем број граѓани омрзнатиот збор, во Грција ретко кој политичар го користи името според Преспанскиот договор.
За нив Македонија се уште е ФИРОМ а ние сме фиромци, Скопјани или славомакедонци.
Извор: Експрес.мк