Вардарки не успеаа да му се одмаздат на Ѓер за ланското финале, па и оваа година титулата Европски шампион остана во Унгарија.
Нашите девојки иако се бореа со сите атоми енергија во целиот натпревар, на крајот сепак среќата беше кај Унгарките и тие одново славеа.
Црна дамка на финалето оставија неколку спорни одлуки на судиското дуо Бонавентура, особено онаа во 59-та минута од натпреварот при водство од еден разлика за Вардар.
Без многу размислување една од сестрите Бонавентура досуди седмерец, а Ѓер погоди и го израмни резултатот.
Оваа одлука можеби беше клучна и го чинеше Вардар титула. Погледнете и пресудете самите сами постоеше пенал за Ѓер.
Bonaventura had important role the entire match for Gyor, but the play of the match came in the last minute penalty.
Well done Bonaventura!!! pic.twitter.com/XDfrKqyOWv
— Lina Lu (@Linalu123Lu) May 13, 2018