Границите на уште една европска држава ќе останат затворени за Македонија

Островот Малта ќе ги отвори своите граници на 1 јули за туристи од 16 европски земји.

Малтешките власти објавија дека ќе ги отворат своите граници за туристите кои ќе пристигнат од италијанските острови Сицилија и Сардинија, но не и од другите делови на Италија, пренесува АП.

Малта со својата богата историја и ноќен живот се смета за туристичка мека меѓу туристите, особено кога станува збор за Британците, Италијанците, Германците и Французите.

Сепак, само граѓаните на Германија се на списокот на земји што ќе можат да го посетат островот уште следната недела, според АП.

Во Малта се пријавени 619 случаи на кopoнавиpyc и девет смртни случаи поврзани со Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.