Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, не можеше да се воздржи во вклучувањето во живо во Утринската програма на Сител. Емотивно и низ солзи одговараше на прашањата на водителот на програмата.
Димитиевски е на домашно лекување, бидејќи е заболен од ковид-19. Само во семејството може да бидете сигурен, рече Димитриевски.
Градоначалникот на Куманово истакна дека се играле страшни дворски игри во многу тешки моменти за сите нас.
“Ќе оставам времето да каже кој бил во право, само единствено видов дека во целиот овој конгломерат на несовесни граѓани, од кои што не бегам од одговорност, можам да кажам дека има луѓе кои што се подготвени да употребат се’ само да стигнат до целта и времето ќе покаже кој погрешил. Знам само едно дека страшно се лажеше од лица кои што се одговорни и не смеат тоа да го прават во овие моменти”.