По повод одбележување на Денот на НАТО, а во рамки на активностите од НАТО неделата, Министерството за одбрана и Армијата во соработка со Општина Прилеп, денеска пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ организираа Отворен ден за граѓаните на општина Прилеп.
Пред присутните претставници од општествениот и јавниот живот на градот, меѓу кои и градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски и други граѓани на Прилеп, свое обраќање имаше Бригадниот генерал Орце Јордев.
После настанот Јованоски се јави и на Фејсбук.
“Република Северна Македонија на патот кон НАТО”, напиша Јованоски на Фејсбук.