Нема успех, без да се чуе сечиј предлог и проблем. Со најголем дел од вас комуницираме преку социјалните мрежи. Ги читам пораките и коментарите. Затоа што јас сум тука за вас, а заедно сме тука за Ѓорче да биде подобро место за живеење, вели градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Објави дека секој последен четврток во месецот, ќе биде во општината, за средби со граѓаните.
– Ако делуваме заедно, се поддржуваме и критикуваме, ќе можеме да се корегираме и да помогнеме за Ѓорче да биде модерно, урбано, хумано. Нема совршенство, но веќе се трудиме брзо и ефикасно да постапуваме, со трајни решенија. Секоја моја одлука е, но и ќе биде носена според потребите на сите вас. Нема поголем приоритет од жителите на оваа општина. Јас сум исто што и вие, жител на Ѓорче кој има можност да менаџира, и огромна цел, а тоа е реализација на сите проекти и повеќе од нив. Со десетици граѓани, ги имав и првите средби веќе овој четврток. Знам дека во овие четири години ќе бидат илјадници. Детектираме, планираме, реализираме. Вие, јас, мојот тим, вработените, вели Стојкоски.