Традиционалните карнeвалски случувања се заокружија денес на чист понеделник со заеднички ручек, со пресен грав на организаторте и нивните гости и учесници. На оваа традиционална средба присуствуваше и градоначалникот Марјан Ристески кој ги поздрави присутните, посочувајќи дека зад нас оставивме уште еден добро организиран јубилеен карневал, кој останува забележан и за идните генерации. На гостите им посака многу здравје и среќа.