Во присуство на голем број родители и првооделенчиња, денеска градоначалникот Марјан Ристески им подели училишен прибор и распоред од општина Прилеп на најмладите ученици во основните училишта во населените места: ОУ. „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари и ОУ. „Круме Волнароски“ во населено место Тополчани.
Градоначалникот Ристески на сите дечиња им посака добро здравје, многу радости и големи училишни успеси. Денеска во присуство на Советникот за образование Марјан Матракоски беа посетени и повеќе фамилии од социјален ризик каде има првачиња, а општина Прилеп им подари ранчиња со комплетен прибор за почеток на учебната година.