“Градоначалникот на Крушево ветил, ама не исплатил пари? Уште едно ПУ ПУ- НЕ ВАЖИ?”

Реакција на Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево:

“100 евра за секој средношколец, нели градоначалник?!

Среќно во Новата учебна година на сите ученици.
Оваа учебна година е поразлична од другите.

Прво нема да почни на 2-ри Септември бидејќи редно е просветарите да земаат повисока плата за пристоен живот и затоа ќе имаме штрајк наместо редовна настава. Второ оваа учебна година градоначалникот на Крушево на секој ученик треба да му додели по 100 евра во средно образование. Минатата година со оваа чудна изјава за доделување по 100 евра на секој ученик се изјасна градоначалникот на општина Крушево.

До ден денешен остана нејасно дали градоначалникот по 100 евра ќе му доделува на секој новозапишан ученик во прва година средно образование или на сите ученици воопшто. Уште понејасно остана дали парите ќе ги исплаќа во плик или на сметка. А, нејасно е и од која сметка, сопствена или државна, бидејќи нели средно образование е задолжително, нели??

Но уште понејасно е зошто деновиве пред почетокот на учебната година градоначалникот не излезе да даде изјава околу парите и начинот на исплата, или ПУ ПУ НЕВАЖИ (ништо ново за него).
Дали ова ќе биде уште едно негово лажно ветување??

Дали изјавата од кога се пофали пред граѓаните на Крушево ја избриша од неговиот профил и профилот на Општината??
Градоначалник средношколците си ги чекаат ветените пари, со лаги само ги учиме на искривени вредности, а нас тоа не ни е целта!!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.