Градоначалникот Марјан Ристески во посета на опожарените домови

1

По вчерашниот пожар кој избувна во центарот на Прилеп на ул. „Браќа Ламески“ (над маркет Футура) во влезот на зградата, градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со станарите и со останатите структури кои интервенира при овај немил настан.
Од ТППЕ – Прилеп го информираа градоначалникот за преземената акција, а станарите се пожалија за не навремена интервенција на екипите на ЕВН, кои интервенирале после 45 минути од дојавата на пожарникарната дежурна екипа.
Брзата интервенција на пожарникарите не дозволила да дојде до поголема материјална штета или човечки жртви, иако голема била веројатноста дел од станарите да се задушат, поради неможност да излезат надвор од зградата бидејќи горел влезот.
За среќа при овој пожар нема човечки жртви, но има материјална штета. Полицијата и Јавното обвинителство веднаш излегле на местото на несреќата. Причините за пожарот дополнително ќе бидат утврдени.

2 3 4 5 6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.