Aко за Курбан Бајрам се сети на верниците Муслимани, ги заборави православните Христијани за големиот празник Успение на Пресвета Богородица.
“Секуларниот” градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, продолжи да влегува од небулоза во небулоза.
Прилепчани со право му се лути и гласно коментираа на социјалните мрежи, дека нивниот градоначалник не се сети на нив и заборави да им го честита еден од најголемите празници во годината.
Ако веќе се придржува до секуларните вредности, како што од општината тврдеа дека тоа ќе биде принцип на делување на новите локални власти, добро би било тој принцип да биде еднаков за сите религиозни заедници.
Градоначалникот и општинските власти се повикаа на секуларизмот кога ги “избркаа” коледарчињата пред Божиќ, но не и кога честитаа Курбан Бајрам.
Во средина како Прилеп, каде првите луѓе на градот традиционално учествувале во сите празнувања, без разлика дали тоа биле православни или муслимански празници, добро би било да се задржи истиот начин на делување, а со цел задржување и негување на еднаквоста и толеранцијата.
Прилеп е убав со различностите, а градоначалникот е првиот кој треба подеднакво да ги почитува сите!