Со резултат 22:21, екипата на Алкалоид му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Вардар, а за тоа најголема заслуга имаа 14-те одбрани на прилепчанецот Благојче Трајкоски.
Трајкоски буквално брилиираше денеска на голот, а на крајот од натпреварот не можеше да ги сокрие емоциите.
Алкалоид имаше предност и од 7 гола разлика во еден дел од натпреварот, но на крајот попуштија, па натпреварот можеше да заврши и со нерешен резултат.
Сепак, кога беше најмногу потребно, бедемот на голот не попушти, па сега Алаклоид се израмни на ист број бодови на табелата со Еурофарм Пелистер.