ГО ФАТИЛА БИДЕРМАЕРОТ: Реакцијата на нејзиното момче го насмеа целиот свет (ВИДЕО)

Голем број немажени девојки посакуваат на свадба да го фатат бидермаерот.

Така било и со девојката по име Рејчел Бисли која на венчавката од Челси и Мет Бест во англискиот град Нортемптон минатата сабота, стоела зад младоженците и го фатила букетот.

Желбата и се остварила и бидермаерот паднал точно во нејзините раце, но на реакцијата од нејзиното момче сигурно не се надевала.

Со оглед на тоа дека фаќањето на букетот се верува дека значи стапување во брак на девојката која го фатила, Даниел Гилберт со голема брзина започнал да трча кога видел дека токму неговата девојка била најсреќната.

Со сигурност се работи за жега, но многу момци кои се нашле во истата ситуација на социјалните мрежи напишаа дека и нив им дошло да го направат истото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.