Марија Костоска од Прилеп ги доби сите 5 гласови од жирито на “Пинкови ѕвездички”.
12-годишната прилепчанка го освои срцето на целото жири, изведувајќи ја песната од Каролина Гочева, “Не се враќаш”.
“Снажно и силно. Еве типичен и егзактен пример кога некој има крупен и силен глас, голем волумен, а всушност цело време ја збогатува песната со украси, трилери, вибрато, со сите можни финеси и во тоа богатство ние го препознаваме добриот пеач”, била реакцијата на Леонтина.
“Ова е за петка, затоа што не се работи за детско пеење. Ова е сериозно пеење, не е шега. Мојата ќерка ја обожава оваа песна, така да токму неа и ја посветувам”, рекла Гоца Тржан.
Уживајте во изведбата на Марија: