Го пронајде своето куче после три години: Кога го викна по име, се случи нешто преубаво (ВИДЕО)

62 годишниот Џорџи Березиани од Тбилиси во Грузија мислел дека засекогаш го изгубил своето куче Хорхе.

Три години го барал, го облепил градот со плакати и податоци за кучeто и конечно некој му се јавил.

Му се јавил вработен во Операта во Тбилиси и му кажал дека пред нивната зграда се наоѓа куче слично на неговото.

Џорџи веднаш седнал во автобус и отишол до зградата на Операта. Откако стигнал го повикал кучето по име и тоа изреагирало. Скокнало на него и почнало да го гушка.

-Хорхе, дали си тоа ти? Да, тоа си ти. О драго момче, како си, му говореше Џорџи возбудено на своето милениче.

Погледнете:

На неговото уво забележал жолта ознака. Што значи дека Хорхе од улицата го отстраниле комуналните инспектори, но го вакцинирале и го вратиле на слобода затоа што процениле дека не е опасен за луѓето.

Џорџи и Хорхе пресреќни отишле дома каде што ги чекале останатите членови на семејството.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.