Составот на Динамо Загреб доживеа нова резултатска катастофа, овојпат во домашниот шампионат каде доживеа убедлив пораз од Славен Белупо со 4-1.
Се’ уште неосвестени од катастрофалниот пораз со 9:2 од Баерн Минхен во Лигата на шампиони, хрватскиот шампион попладнево беше фаворит на гостувањето кај Славен, но им се случи нов потоп.
Иако Динамо прв го отвори резултатот, следуваа четири погодоци во нивната мрежа, а последниот за убедлив триумф на Славен Белупо беше дело на Илија Несторовски во 77-та минута.
Искусниот прилепчанец на мајсторски начин му зададе шах-мат на најдобриот тим во Хрватска.
SLAVEN BELUPO HAVE SCORED 4 GOALS PAST DINAMO!
First goal from Ilija Nestorovski since returning to the HNL!#HNL #SLBDZGpic.twitter.com/JOpCpOYiIG
— Croatian Football (@CroatiaFooty) September 21, 2024